Вести Свет

Бајден: САД не сака конфликт со Русија, но ќе реагира остро ако се појават штетни активности

Америка сака стабилна и предвидлива врска со Русија, порача американскиот претседател Бајден само што слета во британската воена база, од каде ја почнува осумдневната турнеја, каде на последниот ден е закажана и средба со рускиот претседател. Бајден ќе се обиде да му објасни на Путин дека Западот и неговите сојузници зборуваат со еден глас.  Америка не сака конфликт со Русија но нема да седи мирна ако се појават штетни активности, порача Бајден.

Бајден додава дека е одлучен да ги обнови и преобликува односите со Русија по четирите бурни години мандат на неговиот претходник Трамп, кој со воведувањето на царините и повлекувањето од бројни меѓународни договори ги наруши односите со важни сојузници.

Во следните неколку дена, реков дека ќе учествувам на состанците со многу од нашите блиски партнери на Г-7 во Корнвол, потоа одам во Брисел на НАТО самитот, и на ЕУ самитот. Оваа дипломатија е суштинска затоа што ниту една земја која делува самостојно не може да ги пресретне предизвиците со кои се соочуваме денес затоа што светот се менува.

На средбата со ЕУ лидерите следната недела во Брисел тема ќе биде и Западен Балкан, дознава српски РТС од дипломатски извори. Вашингтон ќе ја нагласи потребата за подобра соработка и координација. Овие дипломатски извори велат дека Америка очекува ЕУ да го преземе водството на Балканот, но и за вкупната политика. Се додава дека Вашингтон ќе ја поттикне ЕУ конечно да ги отвори преговорите со Македонија и Албанија, сметајќи дека политиката на ЕУ проширувањето е и во интерес на Америка.

Следниот ден Бајден оди за Женева. На 16-ти ќе се сретне со Путин. Во замокот кој датира од 18-от век се се подготвува за средбата на двајцата моќници. Нивните односи се веќе затегнати. Претходникот Трамп тврдеше дека Путин не е виновен за тврењата дека Русија се мешала во претседателските избори. За разлика од Трамп, кој го оправдуваше својот руски колега, Бајден вели дека на Путин ќе му го каже она што треба да го знае.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе