Вести Економија Македонија

Забрането е точење на „супер 95“ на бензинските каде Пазарната инспекција во тоа гориво открила отстапки од Правилникот за квалитет

По однос на објавеното, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) како институција која максимално се вложува, особено вопоследните година и половина, се со цел заштита на здравјето на населението, чувствуваме потреба на јавноста да и укажеме дека по тринеделните непрекинати контроли врз правните субјекти кои вршат увоз, производство и продажба на мазут, нафта и нафтени деривати, и по изречените времени мерки на оние правни субјекти кај кои се утврдени неправилности, а мерките се времена забрана за вршење трговија или времена забрана и пуштање во промет.

ДПИ соопшти дека:„Согласно, изречените санкции, на бензинските пумпи каде се извршени контролите и се земени примероци на бензин и дизел, од добиените резултати анализите покажаа дека кај дизелот нема утврдено отстапки од квалитетот согласно Правилникот, додека пак кај две бензински пумпи, првата анализа покажа незначителна отстапка во еден параметар.“

Во тек е втора анализа, па по добиените резултати ако има потреба ќе се направи и трета. Но, јавноста треба да знае дека во овој период додека се вршат контроли и анализи на бензинските пумпи каде овие отстапки во параметрите се утврдени, на истите им е изречена забрана за точење на бензин супер 95, се до добивањето на конечни резултати од анализата, ја објаснува процедурата Пазарниот инспекторат.

-Што значи, дека секаде каде се утврдени дури и незначителни отстапки од граничните вредности на параметрите на гориво, истите се забранети за употреба и пуштање во промет. Горивото кое во еден параметар одстапува не е дозволено да се продава и нема место за создавање паника дека и понатаму се продава истото. Контролите и понатаму продолжуваат, стои во реакцијата на ДПИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе