Македонија

Почнаа протестите на ВМРО-ДПМНЕ

Со блокада на трите главни сообраќајници во Скопје и во 10 други градови низ Македонија, од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја натераат владата да каже за што точно преговара со Бугарија. Во главниот град денеска два часа се протестираше пред Собранието, пред трговскиот центар Мавровка и пред поранешната зграда на „Нова Македонија„.

Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ ќе траат секој ден сè додека власта не ѝ го даде на увид на јавноста „Патоказот“ во преговорите со Бугарија.

Премиерот Зоран Заев, тврди дека со Бугарија се преговара за патоказот за пристапните преговори со ЕУ, при што се водат разговори на секторско ниво, а сето друго се разговара под раководство на португалското претседателство.

Протестите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат и во следните денови, а се најавува и можна институционална блокада.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе