Апликацијата АНОМ ги намами криминалците од цел свет во рацете на полицијата. Акцијата Тројански Штит ја водеа ФБИ и Еуропол во соработка со разузнавачките агенции од 16 земји. Светските криминалци и важни лица поврзани со мафијата комуницирале меѓу себе преку шифриран систем во телефоните со име Фантом Секјур. Злосторниците не знаат дека во овој систем успева да влезе ФБИ, и демонтирал друг систем. За да ја надополни празнината, ФБИ ја создава апликацијата АНОМ. Тука се напишани над 20 милиони пораки во изминативе три години. ФБИ ги следи и дешифрира и открива планови за убиства, трговија со дрога, оружје и луѓе.
Насочувањето кон овие шифрирани мрежи за комуникација што ги користат криминалците е нешто што го видовме во последните две години како голема промена во начинот на спроведување на законот за борба против организираниот криминал. Бидејќи на криминалците, им треба безбедна комуникација, така што тоа е една од нивните сили, но исто така е и нивна слабост, изјави Жан Филип Лекуфе, заменик генерален директор на Еуропол.
Уредите со АНОМ апликацијата можеле да се купат само на црниот пазар за околу 2000 долари, а за пристап е потребен некој кој веќе го користи уредот. Најмногу помогнала австралиската полиција која успеала да ги достави телефоните во рацете на влијателното подземје.
Обвинети се 224 престапници, вклучително и 525 обвиненија, затворени се шест тајни лаборатории, покренати се постапки за 21 закана за убиство, вклучително и спасување на петчлено семејство, запленети се 104 огнено оружје и речиси 45 милиони (австралиски долари) во готово. И овие бројки веројатно ќе се зголемат во текот на следните денови, изјави командантот на австралиската полиција, Рис Кершоу.
Повеќе од 800-тини криминалци од 90 земји се уапсени. Запленета е дрога, оружје, 55 луксузни возила и пари во готовина. Осум тони кокаин, 250 парчиња оружје и речиси 148 милиони долари. Но, спречени се и десетина планирани убиства. За спроведувачите на законот и редот, акцијата Тројански Штит е удар без преседан врз светските криминални групи.
Алиса Шутиноска