Ковид19 Македонија

Во Скопје за 24 часа двајца хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 50

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има 2 хоспитализирани  пациенти, а вкупно се лекуваaт 50 болни сомнителни и потврдени за Ковид 19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има 2 хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 50 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември  имало еден примен  пациенти и еден нови заболен

е хоспитализиран на  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 пациенти.

Вкупно 50 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе