Македонија

Во Врање и Лозница на вакцинација 2.000 граѓани на С.Македонија и БиХ

Во Србија продолжува бесплатната вакцинација на граѓаните од соседните земји, а во Врање викендов се вакцинираат граѓани од Северна Македонија, а во Лозница се вакцинираат граѓаните на Босна и Херцеговина.

Во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. Досега во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.

Во Врање денеска и утре ќе бидат вакцинирани околу 800 македонски граѓани, а во организација на Спона на автопатот на Коридор 10, во близина на граничниот премин Табановце, поставен е билборд – „Благодарам, Србија“, во знак на благодарност за донациите на вакцини за Северна Македонија, како и можноста нејзините граѓани во организирани групи да се вакцинираат во Србија.

Од 3 јуни, кога на граѓаните на БиХ со одлука на српската влада им беше дозволено да се вакцинираат во Србија, повеќе од илјада луѓе се вакцинирани во Лозница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе