Од 2008-ма година ДУИ го води Министертвото за животна средина еве ги имињата на Министрите од оваа партија која и сега е на чело на овој ресор со Министерот насер Нуредини. Пред него беше Садула Дураки, Башким Ахмети, Нурхан Изаири, Абдилаќим Адеми, Неџати Јакупи- секој во просек по две години се задржувал на функцијата.
Во изминатите 13 години ДУИ раководеше главно и со министертвото за економија и беше надлежно во секторите за животна средина во и здавање на согласност, дозволи, контрола, инспекции. „Кадија те тужи, кадија те суди“, велеа невладините организации кои се грижат за заштита на животната средина.
Во меѓувреме за овие 13 години Македонија избиваше многу често на најзагадена земја на Балканот, статистиките за смрт поради белодробни заболувања се поразителни, а медиумите се сведоцин на многу афери поврзани и со ископот на минерали, песок и други области кои ги раководеа кадрите на ДУИ.