Ковид19 Свет

Американските медиуми добиле на увид повеќе од 3.000 мејлови на Фаучи за почетокот на пандемијата

Водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, според неговите електронски пораки до кои имале увид американските медиуми, уште на почетокот на пандемијата на Ковид- 19, минатата година, изразил сомневање дека вирусот може да е излезен од лабораторија.

Би-Би-Си пренсува дека согласно Законот за слобода на информации, „Вашингтон пост“, Си-Ен-Ен и Басфид њуз добиле повеќе од 3.000 страници од приватната електронска кореспонденција на Фаучи од јануари до јуни 2020 година.

Американската тајна служба неодамна повторно ја подгреа тезата дека коронавирусот можеби излегол од лабораторија во кинескиот град Вухан, иако тие признаваат дека немаат докази за тоа, и во еден од мејловите во јануари 2020 година, добиен од директорот на најголемиот биомедицински институт во САД, се наведува дека „необичните својства“ на вирусот може да покажат дека вирусот е „дизајниран“.

Фаучи во мај кажа дека не е убеден дека вирусот настанал природно, поддржувајќи го продолжувањето на истрагата.

Во првите месеци, американските власти, како и другите влади, разговараа за препораките за носење маски, а во февруари 2020 година, во преписка со поранешниот министер за здравство на САД, Фаучи изјави дека маските се потребни повеќе за да се спречи заразената личност да ја шири инфекцијата врз други лица отколку што обезбедуваат заштита на здрави лица од инфекција. Тој притоа додал дека купените маски во продавница не се ефикасни да го задржат  вирусот, кој е доволно мал за да помине низ материјалот.

Објавените мејлови откриваат дека Фаучи често пати имал можност да негира дека бил цензуриран од претседателот Доналд Трамп, а Би-Би-Си пишува дека „мејловите на Фаучи се слични на тестот со дамките на Херман Роршах и дека секој во нив го гледа она што навистина сака да го види. ”

Американските либерални демократи го фалат по ова откритие, додека тој е негативец за приврзаниците на Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе