Во моментов еден од најважните документи за патување во странство – дигиталниот Ковид-пасош сè уште е ставен на чекање додека да се ускладат сите административни детали. Најавуван уште за претходната недела, а сега одложен најрано до крајот на оваа.
Во него ќе пишува податоци за вакцинацијата на лицето, како и податоци за ПЦР тестовите и за антитела. Но, не сите лаборатории каде што се прават тестови се подеднакво подготвени за задачата и деновиве се координираат додека здравствените власти се обидуваат да го решат тој момент.
Засега вакцинираните граѓани имаат пристап само до ваков документ. Ова е сертификат кој потврдува дека лицето е вакцинирано и овој документ е валиден за патување во странство, вели министерот за здравство. Тоа е така затоа што е важен оној QR код кој го има на него, но тоа се треба да биде дигитализирано и срочено во една апликација и во моментов се работи на тоа.
Министерот дополнително најави и нови олеснувања на рестриктивните превентивни мерки. На основа на подобрената епидемиолошка состојба во моментов веќе се планира да се овозможи на организаторите на настани повторно да си ја работат својата работа, а дополнително на тоа, едно од најголемите ограничувања да биде отстрането.
Според бројките коишто пристигнуваат од вакциналните пунктови – вчера се аплицирани повеќе од 15 илјади вакцини.
Добра вест пристигна и од скопските Ковид-центри – пред сè најголемите центри за позитивни или сомнителни пациенти – ГОБ „Осми септември“ и Клиниката за инфективни болести. За првпат во пандемијата нема нови хоспитализации во едно деноноќие, додека во Скопје се лекуваат 58 пациенти во болнички кревет.
Петар Догов