Вести Македонија

Општина Карпош да го запре донесувањето на ДУП-от Козле и постапката да започне од почеток

Ова е ДУП-от Ј -04 Козле донесен 2015 година, со кој во означениот дел се придвидува изградба на педесетина станбени објекти, со приземје, 2 ката и поткровје, слични на овие објекти во Тафталиџе.

На овој зелен простор зад мене се протега ДУП-от Ј04-Козле. Доколку овој предлог ДУП биде донесен, ќе го изгубиме зеленилото, но особено е опасно зашто тој се наоѓа веднаш над Институтот за белодробни заболувања, реагираат граѓаните на социјалните мрежи, но и од „ Иницијативата О2“.

Општината Карпош да ја запре постапката за донесување на Дуп- от Козле, тој да не се става на гласање и да оди од почеток, со вклучување на јавноста, реагираат од О2 Иницијативата.

  • Ако веќе сакаат да го донесат и сметаат дека не е никаков проблем, требаше да оди повторно со јавна анкета. Јас сметам дека треба да има Стратегиска оцена за влијание врз животната средина затоа што тој е веќе дел од Парк шумата Водно.Значи таа граница над Парк шумата никој не ја знае, се поместува нагоре. Актуелен е оној Закон за заштита на планината Водно, со кој степен ќе ја заштитиме?

Од Министерството за Животна средина сметаат дека нема потреба за изработка на нова Стратегиска оцена.

  • Имајќи предвид дека при носењето на ГУП-от на град Скопје е изработена Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина , при носењето на деталните урбанистички планови , како плански документи од пониско ниво , не треба да се изработува Стратегиска оцена , доколку истите се во согласност со ГУП-от, вели заменик министерката за животна средина , Христина Оџаклиеска.

Но од „ О2 Иницијативата остануваат на ставот за изработување на Стратегиска оцена, имајќи предвид , како што велат дека ГУП-от е од 2011 и дека поради актуелните состојби со загадувањето, мора и за дупови да се изработуваат такви оцении. Тие до утре ќе поднесат жалба на одлуката на Општина Карпош за неспроведување Стратегиска оцена.

Градоначалникот Богоев демантира дека со ДУП-от Козле се планирани згради, вели ќе бидат куќи и дека за него има согласност од Министерството за транспорт и врски. Според Богоев, за Дуп-от Козле ќе се одлучува на една од следните седници на Советот. Тој побара да не се преудицира каква одлука ќе биде донесена.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе