Влегувале крај Гевгелија, Струмица и Демир Капија преку илегални премини. Патувале илјадници километри од Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сирија. Во Македонија нивниот краток и невидлив престој ги чинел од 500 до 700 евра. Дражавата ги нарекува мигранти, а полицијата жртви кои се вплеткале во шверцерска мрежа на мигранти. Организирал 33 годишен велешанец, помагале две лица од блискиот исток, а бандата имала и „Качаци“.
Македонија е само транзитна земја. Мигрантите биле превезувани до пред портите на европската унија. Стотици лица – илајдници евра црни пари во џебовите на шверцерите.
Меѓу уапсените засега нема полицајци. Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога. МВР уапси 6- мина, 4 од бандата веќе се во затвор ,а по тројца се уште се трага.
Павле Беловски