Вести Македонија

Во понеделник ќе се знаат новите уставни судии

Уставниот суд ќе почне да работи во полн состав. Комисијата за избори и именувања ќе ја утврди предлог листата од тројца судии кандидати за Уставниот суд по што Собранието на седница ќе треба да го потврди изборот со најмлаку 61 пратеник. За уставен судија може да конкурира секој истакнат правник.

Со цел да не се случува во иднина сличен вакум во работата на Уставниот суд, Хелсиншкиот комитет за човекови права достави иницијатива до Министерството за правда за донесување Закон за постапката и условите за избор на уставните судии.

Доколку во овој момент не почне постапката за правно уредување, хелсиншкиот комитет предупредува дека прашањето ќе остане неуредено и во следните 7 години.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе