Пребавно уривање на дивоградбите, мораториум кој не дал резултати и марина која се уште функцинира. Заклучоците на реактивната монитроинг група на УНЕСКО кон крајот на 2020-та ги констатирал истите еколошки и урбанистички аномалии како и пред 4 години. Најновиот извештај сега, но со истиот заклучок – Охридкосто крајбрежје ги исполнува сите услови да биде ставен на листата светско наследство во опасност. Разликата од претходниот до сегашниот извештај е што властите биле пребавни, или не сториле ништо по препораките, укажувањата на УНЕСКО, а според невладината Охрид SOS ги злоупотребиле и роковите за да се остранат недостатоците.
УНЕСКО освен црвениот аларм за еколошката катастрофа, на македонските власти одново им нуди пат како опција за спас на крајбрежниот регион. И сега постојат рокови од 2-3-5 години, но овој пат почетокот на остранување на дефектите е означен со зборот „веднаш“.
Уривањето на дивоградбите на плажите е видлив доказ, реагираат од општина Охрид. Понатаму се повикуваат на имплементација на Планот за управување со регионот, а општината реагира дека работат интензивно на спроведување на препораките на УНЕСКО и дека евентуалното ставање на листата на наследство во опасност не е национална трагедија, спротивен став на УНЕСКО според кој губењето на статусот заштитено подрачје е погубно за државата.
Павле Беловски