Вести Македонија Топ вести

Од Делчево до Скопје со старо амбулантно возило по неколку пати на ден

Лошата патна инфраструктура со свиоци и постојано одрони од Делчево до Кочани ги амортизира возилата на Итната медицинска помош. Делчево и Македонска Каменица имаат по две возила за итна помош.  Здравствените работници и возачите на амбулантни возила секојднево патот долг стотина километри до Штип или Скопје го  поминуваат и по неколку пати.

Глигоровска вели дека нови возила од министерството за здравство очекувале лани, но поради пренасочување на средствата за набавка на медицински материјали и опрема за битката со коронавирусот, овој проект е стопиран. Се надева дека со стивнувањето на пандемијата, здравствените домови и болниците ќе ги добијат амбулантните возила. Токму оваа исцрпувачка борба со коронавирусот за здравствените работници, беше причина и за одложување и на специјализациите на тројца лекари.

Глигоровска очекува  дека веќе во септември лекарите ќе заминат на специјализации, кои им се потребни на пациентите од крајниот исток.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Сè уште е на интензивна нега, но состојбата ѝ се подобрува – ФЗО за една од критично повредените пациентки од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе