Вести Македонија Топ вести

Граѓаните кои се вакцинираа во странство за ревакцина да се пријават на новата веб страна

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од денеска заклучно со 6 јуни 2021 година во функција е веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава. Преку регистрацијата на граѓаните ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можвме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат. Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите останати граѓани после регистрација на сајтот Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста. Согласно информациите со кои располагаме, најголем дел од граѓаните вакцинирани во странство, пред се Србија треба да бидат ревакцинирани околу 19 јуни.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Сè уште е на интензивна нега, но состојбата ѝ се подобрува – ФЗО за една од критично повредените пациентки од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе