Министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев за бугарската агенција БГНЕС, вели дека неговата држава има официјален став и нема разлика во позицијата на претседателот и министерот за надворешни работи за македонското прашање.
„Нема несогласување по ова прашање. Ова се обидуваме да го кажеме и на РСМ и на нашите европски партнери. Бугарија мора да добие гаранција дека РСМ ќе ги почитува договорите “, вели тој.
Стоев ги идентификува враќањето на довербата и дијалогот со Северна Македонија како приоритет број еден.
„Целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“, категоричен е тој.
Бугарскиот министер за надворешни потсети дека двајцата претседатели ќе отпатуваат за Рим, каде ќе разговараат.
Стоев исто така увери дека Западен Балкан останува во фокусот на разговорите за Берлинскиот процес на 8-ми јуни.
Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел кој е посветен на борбата против ковид-19 и климатските промени, изјави дека за Бугарија приоритет е споделувањето на вакцините со Северна Македонија и регионот.