Македонија Најважни

Османи: Патот на Македонија кон ЕУ води преку Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека патот на С. Македонија кон Европската Унија поминува низ Бугарија без чие одобрување на можат да почнат пристапните преговори, но и оти Софија не треба да ја пропушти оваа шанса ако сака стабилен Балкан.

“Вистина е дека патот на С. Македонија поминува низ Софија. Одлуката се носи со консензус. Без одобрување на Бугарија не може да има одлука. Ние можеме само да сонуваме дека оваа одлука ќе биде донесена без одобрувањето на Бугарија.

Тоа не може да се случи и затоа се залагаме да ги убедиме пријателите од бугарската страна дека договорот кој го изградивме има добра основа за градење на нашите односи и за надминување на разликите.

Тие имаат потреба од дополнителна гаранција дека ние нема да бегаме од договорот, рече Османи во синоќешното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе