Возможно ли е двајцата претседатели на Бугарија и Македонија во светиот Ватикан да го откочат процесот за подигање на рампата од Бугарија, за отпочување преговори на земјата со ЕУ. Државните врвови на Бугарија и Мaкедонија со различни оценки. Најоптимиситечен е премиерот Зоран Заев, со надеж дека претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев, кои неделава заедно ќе отпатуваат во Ватикан по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј, би можеле да бидат поттик за да се направи исчекор напред во решавањето на спорот помеѓу Скопје и Софија.
Верувам дека и европскиот дух на претседателите Радев и Пендаровски ќе биде поттик да направиме исчекор да продолжиме понатаму и секако низ патната карта да успееме да го забрзаме и ефектуираме она што претставува спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, рече заев.
Од заедничкиот лет кон Ватикан на Пендаровски и Радев со помалу очекувања е нашиот претседател, кој посочи дека очекува на средбата да се разговара неформално за спорот, бидејќи Радев не ги води преговорите, туку владата. Чествувањето на Кирил и Методиј во Ватикан не го „омекнало“ ниту Радев а како што вели не попуштил по повиците од лидери на земји, одбивајќи да ги нараче притисоци во целост.
Одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. Во мометов кон Бугарија е насочено големо внимание. Нема да го употребам зборот притисок, но да не забораваме Бугарија е членка на Европската Унија. Од другите членки бараме солидарност. Најважно е да не дозволиме нови проблеми да влезат во унијата, изјави Радев
Европскиот предлог, потпишан од португалското претседателство за надминување на блокадата за старт на преговорите со Македонија, освен што добива поддршка од трети земји и по три дена нема сигнали од официјална Софија, за која и Заев не знае како ќе се изјаснат понатака, коментирајќи, пак, дека за државата тоа е одлична основа за надминување на спорот со Бугарија.
Засега сите очи се вперени во умешноста на двјацата претседатели кои заради ковид-протоколите за прием кај Папата не отпатуваа денеска туку тоа ќе го направат на 26 и 27 мај. Претседателот Радев ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари ќе летнат за Рим.
Павле Беловски