Економија Најважни

Дали и за колку ќе се зголеми цената на струјата најмногу ќе зависи од ЕСМ

Новата цена на струјата што ќе ја плаќаат граѓаните од август во најголем дел ќе зависи од државната компанија Електрани на Северна Македонија. Сега граѓаните плаќаат 5,95 денари киловат час во високата тарифа. Корекција на цената ќе има, но се уште не се знае колку. Од ЕСМ велат дека тие ќе внимаваат на социјланиот момент. Државните електрани во јуни ќе анализираат по која цена ќе ја понудат електричната енергија на ЕВН Хоум за втората половина од годинава. Во јуни ќе ја прават и проценката на состојбата на термоелектраните и на хидро состојбата.

Компанијата при формирањето на цената на струјата што ја продава на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, го има во предвид и социјалниот момент, односно не дозволува ценовни шокови за граѓаните од една страна, а од друга страна не дозволува работа со загуби. Својот профит компанијата го остварува преку продажба на вишоците електрична енергија на слободниот пазар, велат од АД ЕСМ.  

Но, од таму не откриваат дали и колкава загуба прокнижиле. Велат завршната сметка за минатата година ќе ја објават на нивниот сајт. На цената на ЕСМ која има и најголем удел во крајната цена на струјата што ја плаќаат домаќинстават, РКЕ нема можност за влијание бидејќи таа ја оформува слободниот пазар. РКЕ може да влијае само на 38 отсто – на 58 проценти нема влијание.

Енергетските експерти пак смируваат откако енергетските компаниите веќе ги доставија своите математики до Регулаторна, во кои некои од нив бараат и двојно покачување на цените за нив. Не очекуваат драстично покачување на цената на електричната енергија, а ако има тоа ќе биде минорно. Потенцираат дека сега се е во рацете на ЕСМ и ЕВН. Најмногу ќе зависи од тоа по која цена Државните електрани ќе им ја понудат електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум на тендерот во јуни.

Ако ЕСМ понуди исто колку и лани, мислам дека беше 39-40 евра по мегават час, не би требало да имаме зголемување на цената, или ако имаме зголемување тоа ќе биде минорно, ќе биде, не знам, пола процент, еден процент, неблагодарно е да ги кажам процентите. меѓутоа нема да биде како лани како што беше 7 проценти, вели универзитетскиот професор Александар Дединец.

Според Дединец цената ќе зависи од производството, колку е поголемо тоа од хидроелектраните, толку ќе биде пониска и цената на тендерот. Ако пак аналзите покажат дека хидроелектраните се празни ќе се произведува од термоелектраните и цената за Универзалниот снабдувач ќе биде повисока.

РКЕ може да влијае само на 38 отсто – на 58 проценти нема влијание. Уделот пак на МЕПСО во крајната цена на струјата која ќе ја плаќаат граѓаните е најмал и изнесува 3, 5 проценти. Најголемо учество има ЕСМ 43 проценти, па Електро дистрибуција со 36 проценти, а обновливите извори учествуваат со 7,3 проценти.

Енергетските компании, ако зборуваме за МЕПСО посебно, значи тие се тие кои прикажаа прилично поголема загуба. Нивното учество во цената не е толку високо да имаме големо зголемување на цената. И да имаме, кај нив зголемување одредено во нивниот дел на тарифата за пренос, тоа може да се одрази многу малку во вкупното зголемување на цената. Најголемо учество имаат ЕВН во цената и онаа електрична енергија која што купува универзалниот снабдувач, во случајот од ЕСМ, вели дединец.

Дека најголемите енергетски компании книжат загуби вчера потврди и првиот човек на Регулаторна, Бислимоски. Кажа дека се аналзираат пресметките од компаниите кои трошоци ќе ги прифатат, и беше дециден дека непродуктивните расходи нема да влезат при формирањето на цената. Дали ќе има корекција на цената на електричната енергија од август, Регулаторна  дефинитивно ќе пресече на крајот на јули. Лани цената на струјата се покачи за 7,5 проценти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Се трупаат долгови во компаниите на ЕСМ, на листата должници се најде СОЗР, МАНУ и речиси сите државни институции

Дејан Дејан

Долгови, ненаплатени побарувања и задоцнета исплата на плата причина вработените во Водостопанство да излезат на протест

Дејан Дејан

Цените на нафтата растат, фјучерсите потонаа за речиси 500 поени поради извештаите за експлозии во Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе