Македонија Најважни

ВМРО ДПМНЕ бара црвени линии за Бугарија, Заев загрижен за радикалните идеи за Косово

Национален консензус и црвени линии по примерот на Бугарија бараат од ВМРО ДПМНЕ и во Македонија. Реагираат зошто владата не го ни известува, а камоли консултира Собранието за позициите со кои настапува во преговорите со нашиот источен сосед.

Во меѓувреме, додека чекаме европеизација, вели Муцунски, фокусот треба да биде на внатрешните реформи.

Премиерот, пак, за српски Курир  изјави дека,  постои решение за сè, вклучително и за проблемот со Бугарија и блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ, но треба да се избере вистинскиот момент.

Тој додаде дека треба да се продолжи со интегративниот процес, бидејќи последица од забавувањето се радикални идеи  за поместување на границите и решавање на косовскиот проблем.

Смета дека, кога сите балкански држави ќе влезат во ЕУ, ќе се постигнат шенгенските услови и ќе нема граници,ќе престанат и заканите за нови војни и исцртување на нови граници на Балканот.

Загрижен е од различните нон пејпери, и покрај тоа што Македонија е во НАТО, што значи дека, со секоја закана за нашата територија и интегритет, би се активирал членот 5 од Договорот– сите за еден, еден за сите.

Сепак, вели, „никогаш ништо не е сигурно„.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе