Код

(КОД) Дали РКМ без добиено лиценца тргувал со мазут?

Фирмата РКМ, на поранешниот директор од времето на ВМРО-ДПМНЕ, Ратко Капушевски, останува еден од главните увозници на мазут, но КОД уште лани откри дека цистерните со кои наводно бил транспортиран мазут за оваа фирма, превезувале опасно масло.

Но, тоа се случувало во 2019-та, кога РКМ се уште ја нема добиено лиценцата за трговија со мазут. Кој и зошто го дозволил ова, никој не одговара. Капушевски негира се што објавува КОД и не одговори дали без лиценца се занимавал со бизнисот.

По емитувањето на прилогот на Телма, Капушевски реагираше дека нема никаква поврзаност со фирмата Бауфелд од која беше набавувано опасното масло.

Тој додава дека никогаш не купил од нив, ниту имал соработка, ниту пак некои од нафтените трговци што соработувал му доставил документи каде е присутно името Бауфелд.

Тоа сите инспекциски служби го виделе во нашата фирма, вели Капушевски. “Тврдам дека се невистини сториите дека РКМ соработува со Бауфелд каде има ПЦБ честички уште пред 2 години а тоа е и денешната фактичка состојба за релација Бауфелд и РКМ, вели Капушевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва во КОД: Случајот за истрагата на претседателката на Антикорупциска и нејзините врски со ТЕЦ Неготино

Дејан Дејан

КОД: Истрага и за загадување од мазутот во ТЕЦ Неготино

Дејан Дејан

КОД: Пред две и пол години полициски службеници барале затворање на Пулс во Кочани, дел од нив сега се во притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе