Македонија Најважни

Силна поддршка за португалските предлози од Австрија, Чешка и Словенија

Со силна поддршка, но без детали за португалските напори да се деблокира стартот на преговорите за Македонија во јуни, денеска министри за надворешни работи на три земји-членки на Европската унија, Австрија, Чешка и Словенија, од Скопје испратија порака дека овој јуни е клучно време тоа да се случи и оти не смее повеќе да се губи време.

„Ова е клучниот момент. Не би сакал да навлегувам во детали, ова е тековен процес, но би сакал да кажам дека целосно го поддржуваме она што португалското претседателство го стави на маса. Знам дека овие прашања се емотивни, за двете страни, но би ги повикал сите да го спуштат тонот, да ги смират емоциите и реториката, бидејќи тоа не помага. Бидејќи како што реков, ние треба и мора да имаме договор, на еден или на друг начин“, изјави Александер Шаленберг, министер за надворешни работи на Австрија.

Чешкиот министер беше уште подиректен и рече дека не смее да има нови одложувања и оти билатералните спорови не смеат да се злупотребуваат.

„Времето е клучно по ова прашање и не можеме да си дозволиме да заглавиме во вакви историски спорови. Мора да продолжиме да ја тркаламе топката и ја планираме меѓувладина конференција во јуни, ние мора да направиме се што е можно тоа да се случи“, е ставот на Јакуб Кулханек, министер за надворешни работи на Чешка.

Словенечкиот министер пак за тоа дали по вчерашниот одговор од Бугарија дека не ги менува позициите кон Македонија се уште постои верба во ЕУ дека во јуни е можен старт на преговорите тој кратко искоментира дека постојат моменти во политиката кога треба да се направи нешто, но и моменти кога треба да се премолчи.

„Има одредени моменти кога е подобро да не се зборува. Сметам дека е тоа за да не се подгрева дебатата, туку да ја олесниме. Ние целосно го поддржуваме португалското претседателство“, рече Анже Логар, министер за надворшени работи на Словенија.

Дека работата околу португалскиот предлог не е завршена и оти може наскоро да се очекува нов потег во таа насока, освен што на тоа укажува и воздржување од коментари на Шаленберг, Кулханек и Логар, меѓу редови го потврди и нивниот домаќин македонскиот министер за надворшени работи, кој не сакаша да открива детали за тоа што вчера испорачале португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот Оливер Вархеи, какви пораки донеле од Бугарија, но и на што е подготвена Македонија за да се затвори прашањето.

Османи останува оптимист дека до самитот на јуни, за точно еден месец, може да се надмине прашањето со Бугарија.

„Не мислам дека денеска преку медиуми треба да зборуваме за деталите на португалскиот предлог. констатиравме дека е добра основа да се продолжат овие разговори во деновите што доаѓаат. Реално роковите се кратки. Денеска сме точно на 30 дена пред одржување на советот за општи работи на 22 јуни, а имајќи ги предвид другите тела кои што заседаваат порано, тоа се ефективни две до три недели“, рече Бујар Османи, шеф на македонската дипломатија.

Тројцата министри чии земји се едни од најголемите поддржувачи на македонското евроинтегрирање од самиот старт не нејзиниот европски пат на прашање дали не се самите фрустрирани што со години ги повторуваат исите изјави за поддршка, а ништо не се менува, одгворија дека не е така. Коментарот на австрискиот шеф на диплоамтијата беше и дека работите се променети, бидејќи сега се зборува за конкретен датум за старт на преговорите.

Австриј, Чешка и Словенија се дел од централноевропската иницатива на пет држави кои силно лобираат во ЕУ за целосна интеграција на западниот Балкан во Унијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе