Македонија

Поради “технички проблем” загрозена терапијата за 40 000 дијабетичари

Инсулин, ленти и игли има во сите инсулински депоа и аптеки во земјава, но поради технички проблем оваа терапија за над 40.000 дијабетичари е недостапна.

Проблемов е стар веќе трети месец, аламираше денеска од Штип, сојузот на здруженија дијабетичари на Македонија.

Побараа Министерството за здравство, а посебно ги повикаа надлежните од „Мој термин“ да го решат, бидејќи се оставени на милост и немилост.

На прес-конференцијата се приклучи и Петре Петров, кој 25 години е зависен од инсулинска терапија. Преку сопствениот пример и битката да се стаса до терапијата, сликовито  го презентираше проблемот.

Наместо да добие 30 игли, добивал по 10.

Од Министерството за здравство тврдат дека инсулин има, а проблемот е настанат поради софтверот.

Изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти – игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, не се издаваа истите, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Посочуваат дека проблемов веќе се надминува и од вторник кога ќе бидат отворени сите инсулински аптеки  терапијата ќе биде достапна за сите пациенти.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе