Македонија

Финанската полиција чека судот и обвинителството да побараат проверка на потеклото на имот на Мијалков

Управата за финансиска полиција нема увид, ниту располага со сознанија за каков имот и од чија страна е понуден како гаранција во судска постапка од страна на адвокатскиот тим и лицето С.М.

Доколку од страна на судот или обвинителството се побара да се проверат одредени предистражни дејствија со цел откривање на потеклото и сопственоста на понудениот имот од наша страна ќе се постапи согласно добиените насоки или наредба, велат од Финансовата полиција.

Од Управата за јавни приходи пак со став дека „Со внимание ги следиме сите случувања кои би можеле да имаат даночен третман, и во таа насока преземаме дејствија согласно законските надлежности“, велат од УЈП на прашањето дали ќе го испитаат потеклото на имот на Сашо Мијалков понудено како гаранција за да излезе од Шутка.

Детали не се сопштуваат – бидејќи УЈП се повикува на „даночна тајна“.  Мијалков пондуи гаранција од речиси 11 милиони евра за да излезе од Шутка, иако обвинителството ја прифати, судот ја одби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе