Македонија Најважни

Португалските предлози неприфатливи за официјална Софија

Предлог планот за деблокирање на бугарското вето за почетокот на македонските преговори со ЕУ, кој денеска во Софија го презентираа шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, е неприфатлив за бугарските власти, пренесуваат медиумите во соседната земја.

Според овие негативни реакции, станува збор за предлог кој во суштина е многу сличен со идеите на германското претседателство за надминување на спорот.

Бугарските политичари се незадоволни затоа што овој предлог ги релоцира барањата на официјална Софија во процесот за стабилизација и асоцијација, каде не се носат оперативни одлуки.

Агенцијата БГНЕС пишува дека португалскиот предлог вклучува паралелни еднострани декларации од Бугарија и РСМ, и тоа го оценува како целосно апсурдно, бидејќи двете земји имаат билатерален договор потпишан на 2 август 2017 година и депониран во ООН.

„Откако сме сведоци како властите во Скопје три години не го спроведуваат овој договор, кој ќе поверува дека нов декларативен и правно необврзувачки документ ќе доведе до негова имплементација?“, прашува агенцијата..

Според овие информации, португалскиот предлог бил „РСМ да признае дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година“.

За Бугарија спорот е во потеклото на јазикот и тие инсистираат дека неговиот корен, како и генезата на македонската нација, се бугарски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе