Македонија Најважни

Португалскиот предлог за надминување на спорот неприфатлив за Бугарија

Предлозите на португалското претседателство за надминување на спорот меѓу македонија и Бугарија кои денеска беа презентирани на бугарскиот државен врв се неприфатливи за официјална Софија.

Според информациите на бугарските медиуми, во предлогот е предвидено Македонија да се согласи дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година и двете држави да дистрибуираат еднострани декларации за краткото и долгото име на Република Северна Македонија и учествои на странски експерти во историската Комисија.

За Бугарија ова е спорно бидејќи не се задира во сржта на проблемот, односно коренот на македонскиот јазик и идентитет кои според официјалниот став на бугарскиот државен врв се бугарски. Во Софија коментираат дека предлозите се модификација на оние за кои минатата година Македонија и Бугарија преговараа во берлин и за кои не се најде заднички јазик а фактот што во предлогот се споменуваат „црвените линии“ на Македонија го оценуваат како преседан.

Во Софија има и забелешки што предлогот предвидува македонските власти да изготват „патоказ“ за исполнување на договорот и обврските а Бугарија е лишена од можноста да реагира доколку Македонија повторно не ги исполни своите обврск

Бугарскиот шеф на дипломатијата Светлан Стоев, по средбата со потругалскиот колега Сантош Силва изјави дека Бугарија е подготвена за дијалог во дух на контструктивност и воспоставување на добра атмосфера. Тој смета дека Македониај мора да превземе конкретни позитивни постапки за да се воспостави дијалогот на највисокот ниво а Стоев додаде дека е подготвен и за средба со македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

Шефот на португалскатѕа дипломатија, Аугусто Сантош Силва, по средбата со Радев и Стоев соопшти дека проширувањето на Унијата кое беше приоритет на Бугарија во 2018 година е приоритет и за Португаија и дека е исклучително важен процес за Унијата. Тој истакна дека ќе ги земат предвид бугарските забелешки и предлози околу за старт на преговорите на македонија и Албанија  но и за Србија и Црна Гора.

Еврокомесарот Оливер Вахјеи пак кажа дека е клучно да ги чујат бугарските ставови за да може да се дифнираат следните чекори околу за проширувањето на Унијата.

Силва и Вархеји попладнево доаѓаат во Скопје каде што ќе имаат средби со претседателот Пендаровски, премиерот Заев, вицепремиерот Димитров и шефот на дипломатијата Османи и ќе го презентираат планоот со предлозите за надминување на спорот со Бугарија и стѕарт на преговорите со Унијата.

Огнен Чаначаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе