50 одсто од граѓаните сметаат дека Собранието е затворена институција. 80 % не се информирани како да учествуваат во неговата работа, а 93 одсто не се ни обиделе.
Вакви податоци дава анкетата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, направена во февруари и март на примерок од илјада и 10 испитаници.
Од Собранието велат дека за лични контакти пратеник-граѓани се обезбедени средства за 75 канцеларии и начелно еден ден во неделата – петок.
Но, темите најчесто се надвор од доменот на пратениците.
При презентацијата на анкетата, како и на Акцискиот план на Собранието за наредните две години, граѓанските организации им укажаа на пратениците дека е потребна поголема поголема надзорна улога и контрола врз трошењето на буџетските средства.
На онлајн конференцијата „Партнерство за отворено владеење“ беше најавена реформа на собранискиот канал, портал на кој ќе може да се провери во која фаза на донесување е секој предложен закон, архива на собраниски активности и други алатки за зголемување на транспарентноста.
Соња Николовска