Македонија Најважни

За Русија протерувањето на дипломатот е непријателски чин

Прогласувањето на рускиот дипломат за персона нон грата, за официјална Москва е непријателски чин кој ќе влијае на односите меѓу двете држави. Од руското МНР најавија контрамерки.

Министерот Османи, пак, тврди дека, оваа одлука не е поврзана со нашите односи со Руската федерација и се надева дека нема да ги наруши.

Македонија подолго време нема амбасадор во Русија. Има вршител на должност и уште еден дипломат. На предупредувањата дека, доколку еден од нив биде протеран, амбасадата во Москва ќе остане со еден човек, Османи вели дека нема корелација меѓу одлуката за протерување на рускиот дипломат и состојбата во нашата амбасада. Ненад Колев од МНР ги помина процедурите за амбасадор, но уште не е свикана собраниската комисија, за да може да го даде својот извештај и да замине.

Деновиве и претседателот Стево Пендаровски изјави дека случајот со рускиот дипломат е документиран и од тоа што го видел, не станува збор за импровизација.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставниот суд им одговори на независните: Не сме надлежни за предлог- законите

Дејан Дејан

Агенцијата „Рубикон“ е затворена по пожарот во „Пулс“

Дејан Дејан

(Видео) Кос: Историски момент за обединување на Европа преку проширување, реформите се тешки, но неопходни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе