Македонија

Велико Трново доаѓа во Свети Николе

Бугарскиот универзитет „Свети свети Кирил и Методиј“ ќе има три програми за постдипломски студии во Македонија: информатика, англиски јазик и регионален развој. Се очекува веќе оваа академска година, да ги посетуваат стотина магистранти и 50-тина докторанти. Ова е дел од програмата на Меѓународниот славјански универзитет, кој има регистрирани кампуси во Битола и во Свети Николе. Директорот Јордан Ѓорчев тврди дека бугарскиот универзитет воопшто нема да има седиште во нашата земја и дека не е спорно што повеќе универзитети во Европа го носат името на светите браќа и просветители. Објаснува дека Славјанскиот универзитет соработува со Великотрновскиот 8 години, а барањето за овие програми е испратено до Владата уште пред три години.

Адвокатот Валентин Пепељуговски, експерт за авторски права, во изјава за СДК вели дека бугарскиот универзитет требало да го смени името па да добие право на настава во Македонија. Вака, врши повреда на името што веќе го носи Скопскиот универзитет, што може да внесе забуна.

Политичката димензија стигна со прославата на празникот во Велико Трново минатата недела. Ректорот Христо Бонџолов се пофали дека му се јавил премиерот Заев и му најавил дека Владата ќе одлучува за ова прашање.

Тоа е првата филијала на странски универзитет на територијата на Северна Македонија. Тоа е првиот, мал чекор на нашиот универзитет, но во вистинска насока. Мислам дека тоа што ние го направивме ќе го следат и другите, па сите заедно да се обидеме и во Македонија и во Бугарија повторно да ги изградиме мостовите што беа урнати, вели ректорот на бугарскиот универзитет Христо Бонџолов.

Неколку години бугарски и македонски државници заедно се поклонуваат пред светите браќа Кирил и Методиј. И покрај заладените односи поради блокадата на македонските евроинтеграции, претседателите Пендаровски и Радев заедно ќе отпатуваат во Рим.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче – Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

Дејан Дејан

Уставниот суд им одговори на независните: Не сме надлежни за предлог- законите

Дејан Дејан

Агенцијата „Рубикон“ е затворена по пожарот во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе