Македонија Топ вести

Подготвителна седница на Уставниот суд за иницијативите на Законот за ЈО и за Указот

Во Уставниот суд денеска треба да се одржи подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство и Законот за јавното обвинителство од 16 февруари 2020 година.

На седницата во својство на претставник на Собранието ќе учествува претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери.

Законот за јавно обвинителство беше донесен од Собранието со 80 гласа „за“, но по повторено гласање, на 16 февруари 2020 година, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш го потпиша Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство. На тоа реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи го Пендаровски дека не смее да потпишува указ за закон донесен во Собранието со двотретинско мнозинство.

За ВМРО-ДПМНЕ е спорно и тоа што Законот е донесен со повторено гласање, а спорен е и членот 110, кој предвидува прислушувани разговори да не можат да бидат основа за подигнување обвиненија, туку тие само да служат како индиции. Исклучок од ова веќе законско правило ќе бидат предметите на СЈО покренати до 30 јуни 2017 година. Сите прислушувани разговори што не се предадени во Судот како докази или индиции во истраги, Законот предвидува да се уништат.

Пендаровски по потпишувањето на Указот им порача сите коишто имаат забелешки за начинот на гласањето да ги достават до Уставниот суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе