Македонија Топ вести

МНР прогласи руски дипломат за непожелна личност во Македонија

Министерството за надворешни работи прогласи дипломат на руската Амбасада во Северна Македонија за непожелна личност.

Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија, стои во соопштението на МНР.

Во оваа насока, додава МНР, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе