Македонија Топ вести

Лукаревска е новата Шеќеринска

СДСМ продолжува да функционира тандемски на родов план, како во изборниот период. Заменикот на претседателот останува заменичка. Сања Лукаревска е даночник со 15 годишна кариера, почнувајќи од помлад инспектор  па до директор на УЈП. Во политиката беше експонирана на ланските парламентарни избори, како дел од тандемот на врвот на кандидатската листа во изборната единица број два. Својата работа тогаш ја опиша со три збора.

Лукаревска доаѓа на местото на Радмила Шеќеринска, која 8 години беше заменик на лидерот Заев. Самата одлучи да се повлече од партиските функции, а на новоизбраните во партиските тела им порача да бидат храбри, одлучни, силни. Да трчаат за да не ги прескокнат и да зборуваат за да не ги замолчат.

Но, во неколку портали се појави аудио снимка со поинаква интонација, која наводно е дел од нејзиниот говор на конгресот. Во неа, Шеќеринска изразува загриженост што за некои проблеми, во партијата се затвораат очите наместо да се бара  решение. Од СДСМ ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат автентичноста на снимката.

СДСМ: Вчера, СДСМ покажа силно единство. Многумина коишто се надеваа на раздори, несогласувања, фракции, се разочараа. Промените во партијата добија силна поддршка од делегатите и од поранешното раководство, меѓу кои, секако и Радмила Шеќеринска. Во СДСМ се говори гласно, се почитува различното мислење и тоа е една од демократските придобивки.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вели дека конгресните одлуки не треба да се коментираат и дека се што треба, кажал во дискусија на самиот конгрес. Неговото заминување од Централниот одбор за многумина е очекувано бидејќи подолго време има различни мислења од партиските ставови.

Лидерот Зоран Заев признава дека кадровските промени не се лесни, но најавува дека промените ќе продолжат, ќе има нова кадровска понуда и подмладување.

На 26-от Конгрес, одржан дигитално, сменети се две третини од 120-те членови на Централниот одбор. Половина од нив се жени, а 37 и пол одсто се млади. Освен Македонци, има од сите побројни етнички заедници. Има промени и во другите органи. Во Извршниот одбор, само 5-мина од 18 се од стариот состав. Во потпретседателскиот тим, промените се пола-пола. Покрај Оливер Спасовски и Мила Царовска, потпретседатели станаа Венко Филипче и Фатмир Битиќи.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе