Вести Македонија Топ вести

Се испразнуваат три места во Уставниот суд – Собранието се уште без предлози

Се враќа ли уставниот суд во нова криза откако за две недели ќе остане на 6 од 9 уставни судии е прашање од кое стравуваат преостанатите членови. На 1 јуни канцалариите ги празнат актуелниот претседател Сали Мурати и судиите Елена Гошева и Никола Ивановски. Највисокиот суд во земјава ќе остане и без претседател ако нареднатата среда кога е закажана специјална седница најмалку 6 судии не гласаат за еден предлог и изберат нов претседател, бидејќи на актуелниот Мурати му завршува мандатот.

„Одново се соочуваме со ситуација како порано кога работевме со 5 судии додека собранието не избра нови. Законот не дозволува по истекот на мојот мандат судот да го води мој заменик по азбучен ред. Очекуваме во среда еден од преостанатите 6 судии да добие најмалку 6 гласа за да избереме нов претседател.“

Истекот на мандатите на тројцата судии не е нова информација за надлежната собрансика комисија за избори и именувања чиј што претседател Костадин Костадинов потврдува дека нема ниту еден предлог, но смирува дека рокот нема да биде пробиен.

„Постапката е со директно предлагање на самата комисија без претходен оглас. Потоа се носи на конечно одлучување на пленеарна.Согласно роковите ќе ја закажам комисијата а секој ќе има можност да дава предлози. Засега немаме готови предлози.

Токму оваа комисија до сега ги даде сите предлози ,а пратениците на пленарна седница со апсолутно мнозинство ги гласаат предлозите. Иако во условите за предолог кандидатот се наведува дека треба да биде истакнат правник, поранешниот уставне судија и правник ОСман Кадриу им порача на пратениците и власта да не се обидуваат во најпрестижниот суд да протнат партиски послушници.

Членовите на Уставниот суд имаат мандат од девет години, без право на реизбор. Според Уставот, тие се избираат од редот на истакнати правници, со најмалку 61 глас во Собранието, додека за кандидатите од немнозинските заедници е потребно и Бадентерово мнозинство. Па според таа распределба, двајца од идните челнови треба да бидат од мнозинската етничка заедница, а еден ќе се предлага и избира од малцинските етнички заедници.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Дејан Дејан

92-годишен маж прогласен за виновен за силување и убиство кое го извршил пред 58 години во Бристол

Дејан Дејан

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе