Носители на социјални примања останале без државна парична помош. Функционер бил осомничен за криење на приходи, редовни играчи во спортски обложувалници – заедничко за нив е дека преку нивниот матичен број биле уплаќани илјадници евра како добивки од обложување, иако тврдат дека никогаш немале големи суми за земање.
Проблемот е што, спортските обложувалници уплаќаат данок, а добивките ги исплаќаат во кеш. Во емисијата КОД за оваа законска финансиска дупка за која знаат сите надлежни институции, ама засега не нудат решение. Првиот јавно обелоденет случај е од антикорупциската комисија откриен уште пред 6 месеци.
Дали станува збор за измама или за перење на пари, вечерва во КОД објаснувањата на обложувалниците, на УЈП, на и кажувањата на жртвите.