Вчера и денеска граѓаните на Скопје, над 40 годишна возраст кои до 30 април се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk добиваат пораки со термини за имунизација против Ковид- 19, во спосртската сала „ Борис Трајковски“. Веста на својот ФБ профил ја сподели и министерот за здравство Венко Филипче.
Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст, кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање преку оваа веб- страница, напиша Филипче.
A, граѓаните кои веќе се вакцинирани во Србија можат да го откажат терминот за вакцинација преку „Мој термин“, на имејлот што го добиле.
Граѓаните кои се имунизираа во соседна Србија со вакцините „Спутник В“, „ Фајзер“ и „ Синофарм“ , ќе се ревакцинираат во земјава.
Тие ќе треба да патуваат во Србија за втората доза. Оние граѓани и бизнисмени за кои вакцинацијата беше организирана преку Стопанската комора на Македонија ќе патуваат за Ниш за да ја добијат и втората доза на АстраЗенека на 19-ти и 20-ти јуни. Во акцијата која беше изведена на 27 и 28 март, беа вакцинирани 2.200 македонски бизнисмени на пунктот во Ниш кој беше специјално отворен за таа намена.
Со цел засилена имунизација на регионот, управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум покрена иницијатива за иста ваква акција кон крајот на јуни , со нова количина од 10 000 вакцини за деловниот сектор од земјите членки на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, порачуваат од стопанската комора.
До сега во Србија се вакцинирани околу 15 000 македонски граѓани.
Сотир Трајков