Ковид19 Македонија Топ вести

Студенти од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ дел од имунизацијата низ регионалните пунктови

Над 3.000 вакцини против Ковид-19 има аплицирано 23 годишниот Стефан Мишовски од Скопје. Волонтирал на пунктот во салата „Борис Трајковски“, а од пред десетина дена е во штипскиот регионален пункт. Стефан е студент на Факултетот за медицински науки на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“. Тој е дел од 80-те студенти волонтери, кои се желни за практична настава и да се вратат во амфитеатрите.

Идните лекари на пунктот ставаат вакцини, внесуваат податоци како администратори и ги советуваат пациентите по имунизацијат. На пунктот поминуваат околу седум часа. Иако имаат испити, тие не изостануваат од работните обврски.

Студентите од штипскиот универзитет волонтираат на пунктовите во Штип, Кавадарци, Битола и Куманово. На пунктот во Штип дневно се анагжирани 50 лекари, медицински сестри од здравствениот дом Клиничка болница, како и студенти, волонтери на Црвен Крст, вработени во Општина Штип, припадници на АРМ и на полицијата.

Досега на пунктов се имунизирани околу 13.000 граѓани од штипскиот и струмичкиот регион, а од понеделник се очекува да стартува имунизацијата на вработените во приватниот сектор.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе