Македонија Топ вести

МВР: Лажна вест е дека имало престрелка во Ченто

Министерството за внатрешни работи демантира дека синоќа имало престрелка во скопската населба Ченто како што објавија дел од медиумите.

Во соопштението од МВР се наведува дека се работи за сообраќајна незгода, а не за престрелка.

Дел од порталите шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали, туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации, се наведува во соопштението од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе