Македонија Топ вести

Преку ноќ пензиониран Лазе Велковски иако има право на продолжен стаж

Преку ноќ е пензиониран Лазе Велковски, началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во МВР поради исполнување на 40 години бенефициран пензиски стаж. Решението потпишано од министерот Оливер Спасовски, на пензионираниот, лично му го врачил директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски.

На началничката позиција во организиран криминал е назначен Ветон Кранли, советник во кабинетот на министерот. Решението за пензија, според сознанијата на Телма не го изработила правната служба на МВР каде се затечени од оваа одлука туку правната служба на БЈБ. Велковски не добил никакво претходно известување дека министерот сака да го пензионира.

Според членот 174 од Законот за внатрешни работи секој има право да  побара продолжување на вработувањето до 45 години работен стаж без оглед на возраста на вработениот во МВР. За случајот Велковски според информациите на Телма веќе поднел писмена изјава за продолжување на договорот за вработување, а согласно членот 174 од Законот МВР е должно да го спроведе тоа.

Повеќе полициски службеници, главно началници ја користат можноста за одлагање на пензионирањето, а такви случаи имало и оваа година. Меѓу оние кои си го продолжуваа работниот век во МВР се поранешните директори во УБК и во Бирото, Силјан Аврамовски и Митко Чавков. Велковски е назначен и за истражител во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а претходно беше и истражител во СЈО.

Пензионирањето се случува додека се активни повеќе истраги во одделот кој до завчера го водеше Велковски. Во тек е продолжената истрага за фалсификуваните пасоши, а минатиот месец имаше и неколку истраги за трговија со дрога како што беа во Плетвар, Грчец и Арачиново кога беа уапсени неколку полицајци и еден полициски началник. Велковски беше началник на СВР Скопје во техничкиот мандат на Спасовски, а во редовниот веднаш беше назначен за директор на Бирото за јавна безбедност.

Спасовски побара и доби разрешување на Велковски од директорската позиција за користењето на службено возило за семејни потреби. Тогаш Велковски беше назначен за началник на Одделот за сузбивање на организиран криминал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе