„Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела“, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев непосредно по средбата со грчкиот премиер Мисотакис.
Планот на грчката влада за отворање на туризмот, како и кампањата на грчката национална туристичка организација, ќе бидат презентирани вечерва на прес конференција.
Граничниот премин Богородица е подготвен за најавеното отворање на копнените граници со Грција. Грција ќе го отвори туризмот утре, под слоганот „Се што сакаш е Грција“, со почитување на здравствени протоколи.
Границите со Грција беа затворени повеќе од една година, од почетокот на пандемијата со корона.