Вести Македонија Топ вести

Во Врање се продавале вакцини на Македонци за 40 евра

40 евра за една доза, 80 за две. По оваа цена во Врање им се продавале вакцини на македонски државјани. Српските медиуми јавуваат дека припадниците на безбедносната агенција БИА уапсиле две лица. „Инфо Врање“ пишува дека ако приказната е вистинска тогаш Врање доживеало голем срам. Во продажбата вмешани биле вработени во јавна установа, функционер и негов заменик. Истрагата е во тек. Од македонското министерство за внатрешни работи не добивме одговор , дали стапиле во контакт со колегите од Србија и дали имаат прецизна информација за овој случај.

Во меѓувреме во нашата држава масовната имунизација се спроведува но проблемот со добивањето термини останува. Измешан е редоследот на старосните групи за вакцинирање.Некои со 70 годишна возраст кои се пријавиле на сајтот вакцинација.мк се уште немаат добиено термин, други пак на возраст од 20-40 години добивааат известување за датумот кога треба да ја примат вакцината. Проблем е и добивањето термини за вакцинација во други градови.  Граѓани од Скопје на социјалните мрежи се жалат дека треба да патуваат до Охрид, Штип, Битола за вакцинација. Се обиделе да се вакцинираат на некој од вакциналните пунктови во Скопје но биле вратени. Од министерството за здравство велат дека овие лица не треба да бидат вратени од здравствените домови.

Граѓани кои добиле пораки за вакцинација, во кои има нелогичност за местото каде да се вакцинираат, истото може да го сторат во градот каде што живеат, со покажување смс порака.  Со отворањето на спортските сали за масовна вакцинација, граѓаните имаат можност да се вакцинираат во салите кои не се повеќе од 40 сетина километри оддалечени од местото каде живеат, соопштија од Министерство за здравство

Од министерството за здравство информираат дека системот мој термин ја спушта границата според возраст, во некои градови има вакцинација и на помлади лица од причина што во тие места или повозрасните граѓани се вакцинирани или пак не се пријавиле да се вакцинираат.

Се намалува бројот на заразени со Ковид 19. Во изминатото деноноќие хоспитализирани се 17 пациенти во ковид центрите во Скопје, 340 болнички кревети се слободни .Како резултат на ова од утрово затворени се ковид центрите на клиниките за кардиологија, ОРЛ, за очни болести и Институтот за физикална терапија.Во петок ќе се затвори и ковид центарот на Клиниката за трауматологија. Овие клиники почнуваат за редовна работа од понеделник.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Фатална сообраќајна несреќа во Грција во која учествувал и македонски камионџија

Дејан Дејан

Спасени четири лица од оштетена едрилица во Охридското Езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе