Вести Македонија Топ вести

Исчезнат е Александар Черговски – семејството го бара цели три месеци

Речиси три месеци ниту трага, ниту глас од 39 -годишниот Александар Черговски. Со семејството живее во Берлин, Германија, но на 18 февруари со автобус заминува и патува во домот во Берово. Семејството, блиски роднини и пријатели   од вчера на социјалните мрежи споделуваат фотографии и апел за помош и информации, дали некој го видел Александар од февруари па до денеска. На камерите на граничниот премин е утврдено дека ја преминал границата и влегол во земјата. Надица Белдедовска блиска роднина на Черговски за Телма вели дека случајот со исчезнувањето на Александар веднаш е пријавен во полиција. Направена е проверка од страна на полициските службеници во куќата и  викендицата во Берово и кај пријатели, но не е пронајден.

Берлинската полиција откако бил пријавен дека е изчезнат 39 -годишниот Александар Черговски веднаш извршила вештачење на мобилниот телефон, кој го користел во Германија. Меѓу разговорите не е најдено ништо сомнително, ниту пак можат да им дадат правец, каде да се трага по него.  Неговата мајка, блиски роднини ги молат сите негови пријатели доколку имаат било каква информација за Александар, да ги контактираат со цел да го пронајдат.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе