Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го повика ВМРО ДПМНЕ да покаже доблест и да престане со блокада на законот за служба во АРМ. Припадниците на Армијата не смеат да се занимаваат со политика, има и нови услови за пензионирање кои за опозицијата не се прифатливи.
Забрана за бавење со политика, а не условите за пензионирање според министерката за одбрана Шекеринска е причина за блокирање на Законот за Армијата .Ги повика пратениците од ВМРО ДПМНЕ да го поддржат предложеното решение и да се повлечат од блокадите. Не може, вели Шекеринска заради политичка злоупотреба некој да печали политички поени.
ВМРО ДПМНЕ бара партиите да седнат на заедничка маса и по пат на преговори да се најде компромис.
Со новиот закон се предлага и право на избор на професионалните војници по навршување на 45 години да засноваат работен однос на неопределено време без објавување јавен оглас, со превземање во органите на државната и локалната власт или да земат отпремнина од 1000 евра за секоја година помината во служба на армијата. Доколку се вработат повторно, отпремнината ќе треба да ја вратат.
Јулијана Пешевска
https://youtu.be/lMg8Lh6xn5g