Македонија Топ вести

Припадниците на АРМ не смеат да се бават со политика

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го повика  ВМРО ДПМНЕ да покаже доблест и да престане со блокада на законот за служба во АРМ. Припадниците на Армијата не смеат да се занимаваат со политика, има и нови услови за пензионирање кои за опозицијата не се прифатливи.  

Забрана за бавење со политика, а не условите за пензионирање според министерката за одбрана Шекеринска е причина за блокирање на Законот за Армијата .Ги повика пратениците од ВМРО ДПМНЕ да го поддржат предложеното решение и да се повлечат од блокадите. Не може, вели Шекеринска заради политичка злоупотреба некој да печали политички поени.

ВМРО ДПМНЕ бара партиите да седнат на заедничка маса и по пат на преговори да се најде компромис.

Со новиот закон се предлага и право на избор на професионалните војници по навршување на 45 години да засноваат работен однос на неопределено време без објавување јавен оглас, со превземање во органите на државната и локалната власт или да земат отпремнина од 1000 евра за секоја година помината во служба на армијата. Доколку се вработат повторно, отпремнината ќе треба да ја вратат.

Јулијана Пешевска

https://youtu.be/lMg8Lh6xn5g

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе