Македонија Топ вести

Димитриевски: Одговорност за директорката на „Ангел Шајче“ кога ќе се утврдат причините за заразата на 30-тина деца

30 –тина дечиња заздравуваат во домашни услови додека 3 од нив се уште неможат да ја победат заразата и се лекуваат на државните клиники откако  цела група беше затруена со храна во кумановската градинка „Ангел Шајче“. Првичниот сомнеж на властите е дека храната која се служела во кујната содржела салмонела, причина за масовната зараза.

Резултатите од земените брисеви ќе бидат готвоти до крајот на неделата. Дотогаш градинката делумно е затворена, а

„Изречена е забрана за работа на главната кујна со лента како и двете кујни клонови каде се подготвувала храната. Затворени се и занималните а се врши механичко и хемиско дезинфицирање на просториите” – соопштија од државниот здравствен инспекторат.

Додека инспекторатот, агенцијата и институтот за јавно здравје во Куманово трагаат по причините за заразата кумановскиот градоначалник Максим Димитреиевски најави одговорност за директорката за градинката.

Тој ќе предложи разрешување а одлуката ќе ја носи советот на општината, бидејќи според него мора да посоти и моралана одговорност.

Градинката  „Ангел Шајче“ се најде во медиумите откако за време на викендот 30 тина деца се пожалиле на температура, тегоби во стомакот, повраќање и дијареа. Децата се на возраст од 2 до 6 години биле сместени во три објекти, но храната и ккујната им е заедничко на сите нив.

Агенцијата за храна и ветеринарство по вонредниот инспкециски надзор преку земените мостри од фрижидерите и работните кујнски површини се обидува почетокот на заразата да го лоцира во доставената храна и начинот на нејзиното чување во градинката.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе