Над 5.000 граѓани од штипскиот и струмичкиот регион се имунизирани за четири дена. Здравствените работници на регионалниот пункт во штипската сала „Јордан Мијалков“ велат дека денеска ги нема турканиците. Се почитува редот и за оние кои се со закажан термин и за вработените во критичната инфрструктура.
На пунктов се имунзираат пожарникари, вработени во градинки, училишта, комунални претпријатија, банки, медиумски работници, кои се дел од критичната инфраструктура од штипскиот и струмичкиот регион.
До вчера на овој регионален пункт се вакцинирани над 3.000 лица, а во Здравствените домови во двата регииони кинеската вакцина на Синофрам ја примиле 2.000 граѓани. Денеска во Штип се очекува да се имунизираат 1.200 граѓани.
Викторија Димитрова Јованова