Експлоатацијата на мермер ја загадува водата од изворот Леково , кој е еден од четирите извори од каде со вода за пиење се снабдува Прилеп. Оваа појава добива загрижувачки размери, па стотина сопствениците на околните куќи и викендички предупредуваат на еколошка катастрофа.
-Внатре во изворот има бело мермерно брашно, таложено долу. Таа вода не е употреблива за пиење, ниту како техничка вода, Зоран Тодоровски, жител
Вода плаќаме не знам за што плаќаме. А ко не платиме сметка, одма на извршител. Водата што ја плаќам треба да биде чиста и исправна, Горан Тасевски, жител
Од прилепски Водовод потврдуваат дека со експлоатација на мермер се загадува водата од Лековскиот извор. Таа вода заедно со уште три извори се собира, се преработува и влегува во градскиот водовод. Иако постојано се прочистува, изворот повтороно се загдува, па велат дека решение е да се запре експлоатацијата на мермер во непсоредна близина.
Експлоатацијата е почната од 2013 или 2014 а концесијата е издадена од Министерството за економија. Откако сум јас директор три пати се имам обратено до Министерствата за економија и за животна средина да ја преиспитаат одлуката, бидејќи дефинитивно со загадува водата и се загрозува здравјето и живото на луѓето. Досега од овие Министерства нема реакција, вели Емил Јанески, директор на ЈКП Водовов и канализација-Прилеп
И жителите апелираат надлежните времено да ја запрат експлоатацијата на мермер и да се испита дали има пропусти во работата на некој од рудниците и како мермерното брашно завршува во еден од изворите од каде Прилеп се снабдува со вода за пиење.
Емилија Мисирлиевски