Хронично болните влегуваат на приоритетната листа за вакцинации, Владата останува на ставот за вакцините на „Астра Зенека“ и покрај најавите дека Германија ја укинува забраната, системот за вакцинација е добро поставен, може да опслужи над 10 илјади граѓани дневно и доколку располагаме доволен број вакцини до крајот на летото може да се приближиме до колективен имунитет најави министерот за здравство венко Филипче.
Од наредната недела треба да почне вакцинацијата на лицата со трансплантации и бубрежно болните кои конечно влегуваат на приоритетните листи.
Министерството за здравство соопшти дека вчера се вакцинирале над 12 илјади граѓани а вкупно над 104 илјади од кои 20 илјади и со втора доза. Министерот Филипче најави отварање на три нови регионални центри идната недела, во Велес, во Прилеп и во Струмица а за вакцинирање се оди во други градови за да се забрза процесот и тие да не чекаат со денови
Иако Германија дозволи вакцинација со „Астра Зенека“ на сите возрасни групи, здравстевните власти остануваат на својот став а ќе ги испитаат публикациите и од други држави.
Сепак малку е веројатно дека вакцинирање со „Астра Зенека“ ќе има во Македонија бидејќи овие вакцини треба да ги добиеме преку Ковакс системот а главен производител е Индија. За набавката на половина милион дози од кинески „Синовак“ чија ефикасност е околу 70 отсто Филипче нагласи дека пресудно било што можеле веднаш да бидат испорачани
Филипче денеска напдладе се појави во вакциналниот центар „Борис Трајковски“и на пунктот број 42 ја прими првата доза во вкацината на кинески „Синофарм“, според протоколот почека петанесетина минути. Во следните десетина дена ќе се вакцинираат и останаите членови на Владинито кебинет кои веќе ги добиле своите термини.
Огнен Чанчаревиќ