Вести Македонија Топ вести

Турканици за вакцинација во Штип

Гужва и долга редица  од граѓани кои сакаат да се имунизираат пред штипската сала „Јордан Мијалков“, откако вчера на социјалните мрежи се рашири информацијата и беа објавени фотографии дека може да се вакцинира секој против Ковид 19, без да добие порака за термин. Полицијата денеска навистина ставаше ред за да се влезе во вакциналниот пункт.

Надлежните од штипскиот Здравствен дом велат дека вчера се вакцинирале здравствени работници и лица од критичната инфраструктура, кои се пријавени од своите матични институции. Здравствените работници упатија апел на пунктот да се доаѓа само ако се има термин за имунизација, а тие ги следат препораките од ресорното министерство.

Само вчера на вакциналниот пункт во Штип се вакцинирани 920 граѓани, а биле закажани 1.200 апликации. Надлежните посочуваат дека вчера ниту едно лице кое не е регистрирано во системот не е имунизирано. Гужва има и пред вакциналните пунктови во останатите општини од источниот и југоисточниот регион, каде што се имунизираат граѓаните до 70 години.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата ќе стимулира млади брачни парови да се станат градинари и фармери, но земјоделците не гледаат перспектива во аграрот

Дејан Дејан

Американската амбасада ги предупреди своите државјани да избегнуваат подрачја во Белград

Дејан Дејан

Возилата на градскиот превоз во Белград не сообраќаат поради протестот на студентите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе