Македонија Топ вести

Ќе се отворат нови вакцинални пунктови – денес вакцина прими и премиерот

Цела Преспа мора во Охрид на имунизација. Гевгеличани добиваат термини за во Кавадарци, а жителите на Гостивар на вакцина можат во Тетово. Многу жители од помали места немаат избор освен да одат до други градови затоа што за нив таму е најблискиот вакцинален пункт. Повозрасни граѓани патуваат и по 60 до 70 километри за да се јават на закажаниот термин, а трошоците за патарини некогаш достигнуваат и повеќе од четиристотини денари.

Решение за овој проблем се уште нема бидејќи засега се функционира со седум регионални вакцинални пунктови. Покрај најголемиот скопски пункт во салата „Борис Трајковски“ вакцини се примаат и во Куманово, Штип, Тетово, Кавадарци, Охрид и Битола. Но, надлежните уверуваат дека работат на случајот. Извори од Министерството за здравство за Телма брифираат дека ќе се отворат нови центри за вакцинација покрај веќе постоечките. На официјално прашање до Министерството, дали здравствениот персонал е во доволен број за да ги опслужи граѓаните кога би се отвориле нови пунктови – се уште не добивме одговор. Премиерот Заев, пак, побара помош од градоначалниците.

А, токму Заев денес во бела маица и насмеан, точно напладне беше еден од присутните во салата „Борис Трајковски“ дојден за да прими вакцина. Му се падна кинеската „Синофарм“. По боцкањето почека петнаесетина минути за во случај да има некаква несакана реакција, а потоа излезе пред камерите и ја искористи приликата да испрати порака до населението дека вакцините се безбедни и дека само тоа е спасот од целата ова пандемија.

Се вакцинираа и други вработени во Владата заедно со останатите граѓани кои имаат закажан термин за денес. Но, од Министерството за здравство нема одговор кој дел од таканаречената критична инфраструктура сега е на ред за да добие вакцина според Планот кој го утврдија здравствените власти.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе