И покрај контроверзниот царски рез во првиот ден од 2021-ва година, двајца битолски гинеколози со спогодба добија условни казни затоа што и дозволиле на лекарка сопруга на првообвинетиот да оперира без да има соодветни дипломи. Лекарката од Србија пак е казнета уште поблаго, извела царски рез без лиценца за гинеколог, ама обвинителството и пресуди само глоба за непочитување пандемиски мерки.
Невеста во Битола, докторка од Србија со тамошна специјализација и гинеколошко звање, но без соодветни лиценци во Македонија учествувала во царски рез во битолската болница заедно со сопругот-гинеколог, но, обвинителството одлучи дека не е надрилеар туку само не ги почитувала здравствените мерки во корона пандемијата од членот 206 од Кривичниот законик. За делото еквивалентно на например прекршување на полициски час, таа склучила спогодба со обвинителството и го признала делото, а за возврат е казнета со 100 дневни глоби по 10 евра или вкупно илјада евра. Сумата е двојно помала отколку казната за 4-ца скопјани што ја добиле за истото дело, за прекршен полициски час. И двете соопштенија се објавени на сајтот на обвинителството, а за битолскиот случај објаснувањето е дека обвинетата како лекарка морала да ги знае прописите против пандемијата, ама слободно си влегла во битолската болница каде:
Соопштение на Јавно обвинителство: Обвинетата извршила соодветна подготовка, влегла во операциона сала и учестувала како оператор при породување со царски рез на пациентка.
И другите двајца гинеколози, сопругот на српската лекарка и поранешен заменик министер за здравство признале вина за учество контроверзниот царски рез извршен на први јануари. Поради спогодбата добиваат условни казни, сопругот доколку во наредните три години изврши друго кривично дело ќе лежи 8 месеци затвор затоа што извршил и злоупотреба на службена положба и фалисфикување на службена исправа. За дело злоупотреба, помала казна од 3 месеци затвор во случај да стори кривично дело во наредната година добил дежурниот гинеколог кој иако е на 66-годишна возраст, со одложување на пензијата продолжил да работи како гинеколог во битослката болница иако претходно беше и заменик министер во првата влада на Заев. Среќа во несреќа е што врз здравјето на пациентката немало никакво влијание што била оперирана од гинеколог без лиценца. Случајот го пријавил вработен во гинекологија, по што сопругот и првообвинет почнал и да уништува докази во опартивниот болнички дневник.
Соопштение на Јавно обвинителство: Првоосомничениот отстранил 4 страници со што ја оштетил службената книга во поголема мера. Во новоотворениот Оперативен дневник за 2021 година своерачно внел невистинит податок дека при пружањето на здравствена услуга – породување со царски рез на пациентката, како оператор учестувал второосомничениот, иако не можело да му остане непознато дека овој податок е невистинит бидејќи конкретната интервенција неовластено ја извел тој заедно со неговата сопруга – третоосомничената.
Домашните битолски лекари според обвинителеството и прибавиле корист на третоосомничената колешка без лиценца односно „корист изразена во право да учествува како оператор при породување со царски рез на пациентка“.
Миомир Серафиновиќ